Берлускони ќе пази наркомани?

Иако беше прогласен за виновен по неколку основи, Берлускони нема ниту еден ден да мине во ќелија заради законот кој предвидува сите осуденици постари од 70 години да не одат во затвор. Ова не значи дека поранешниот премиер само ќе седи по дома.

Осудата за Берлускони значи дека тој никогаш повеќе нема да може да се кандидира на парламентарни избори, како и тоа дека ќе треба да чека гласање дали ќе биде исфрлен од Сенатот. Нему ќе му бидат одземени регуларниот пасош и дипломатскиот кој го имаат сите поранешните премиери (едната треба да ја повлече полицијата, а другата министерството за надворешни работи).

Откако ќе ја добие пресудата (некаде околу средината на септември) Берлускони треба да одлучи дали треба да извршува општествено корисна дејност или да биде во куќен притвор.

Доколку се реши на првата опција, Берлускони треба да го даде својот предлог до судот за тоа каде решил да биде "корисен," (дали ќе помага во лечење на наркомани по 6 часа на денот, ќе чисти паркови или ќе подучува...) по што судот одлучува дали го прифаќа или одбива предлогот. Оваа одлука судот може да ја донесе во рок од една година од добивањето на барањето.

5 август 2013 - 09:51