
Во целата сиромаштија во земјата и речиси комплетна отсеченост од светот, Корејци од северот немаат ниту еден добар збор за туристите што им доаѓаат од братска Кина.
"Кинеските туристи им фрлаат бонбони на северно-корејските деца како да хранат патки. Северно-корејците го сметаат ова недостојно и навредливо. Тие исто така се жалат дека кинеските посетители се премногу гласни и земаат деца од непознати луѓе за да се фотографираат со нив," изјавил за Сајмон Кокрел од Корјо Турс за South China Morning Post.
Дополнителен проблем е што Северно-корејците секогаш се сметале себе си за побогати од Кинезите и дека имаат почиста форма на социјализам, а сега се многу љубоморни на кинескиот успех и богатство.
Бројот на кинески туристи во Северна Кореја драстично се разликуваат во зависност дали ги прашувате туристичките агенции или тамошните власти. Според првите, годишно во земјата влегуваат околу 10.000 туристи од Кина, според вторите бројката е околу половина милион.
Туристите кои доаѓаат од Кина уште од старт знаат дека со себе треба да носат јуани, евра или долари (корејските пари им се забранети), да не ги искажуваат своите ставови за тамошните власти и дека не смеат да излезат од хотел без водичот кој им е назначен.
На почетокот од годината еден кинески турист намерно оштети илјадници години стар споменик во Египет, а неодамна кинески туристи го оштетија споменикот на Линколн во Вашингтон.