Свет

Блиски блиски, исток исток

Тероризмот, бруталното кршење на човековите права, немирите и војните од кои Блискиот Исток злопати во последниов половина век, според медиумскиот шаман на американските конзервативци е дело на - хипиците.

Кампањата од 7 милијарди долари

Од почетокот на внатре партиските избори кај Републиканците, до победата на Обама, на претседателските избори во САД беа потрошени повеќе пари отколку што изнесува вкупниот БДП на Косово.

Смирување на мајки што не сакаат да се смират

Мајка на 4 деца завршува на земја откако човек од обезбедувањето на еден трговски центар ја застрелува со електричен пиштол. Ај сега да се вратиме назад на почетокот на случката.

Што бара Русин во Сирија?

Руски судија оди на одмор во Сирија (???), по некое време откако завршува ранет во лицето и ногата, целата работа стига до медиумите. Од таму, одморот почнува да се претвора во шпионски роман.

Механизираните џелати на Иран

Само затоа што во Иран се уште важат прастари закони од типот сечење прсти или рака како казна за кражби, тоа не значи и дека употребуваат и прастари алати за спроведување на казните. Целата работа е комплетно машинска.

Жените имаат плеќи за да ја носат армијата на САД

Во целата дебата во САД околу директното учествувањето на жените во воените судири, едно од главните прашања беше дали жена има доволно сила за да крене маж и да го спаси доколку е ранет. Прво може, второ и ова да ти било некаков фетиш.

Британија со негативна кампања против Британија

Со масовна кампања која треба да се одвива во Бугарија и Романија, во која ќе се рекламираат недостатоците и слабите страни на Островот, Британците планираат да ги премислат легиите идни имигранти од овие земји.

Така се бранеше пивото

Чешкиот министер за здравство решил да го вразуми божествениот однос кој неговите сограѓани го имаат кон пивото. И јасно му е дека нема да успее.

Два пати гледај, еднаш регрутирај

По основа на спектакуларно лоша идеја, за да го спречат регрутирањето на геј мажи офицерите на руската армија добија наредба повеќе време да минуваат на физичкото прегледување на регрутите, посебно во пределот околу препоните.

Број два, трет пат

Америка може да му се радува на големиот успех во борбата против меѓународниот тероризам откако беше објавено дека е убиен вториот човек на Ал Каеда. Мал облак врз славеничката атмосфера може да биде информацијата дека истиот човек претходно го убија уште два пати.

Радиодифузна такса за Ајпад

Откако шведската национална телевизија ги стави сите свои содржини (директно+архива) на интернет, некому му текна дека со ова и сите што имаат таблет уреди автоматски се квалификуваат да бидат претплатници за телевизија.

Чистачките: 100-те милиони "невидливи"

Работат зад затворени врати, готват, чистат, се грижат за деца и за возрасни. Најчесто се жртви на малтретирање (сексуално и психичко), премногу работат а премалку се платени, немаат никакви бенефиции, ниту пак постојат организации што ги штитат. Најголем број од овие работници се жени. И вакви ги има над 100 милиони низ целиот свет.

За животот на милијардерите

Тргнувајќи од истата логика како на едни бизнисмени кои во кафана патриотски се загрижија "ако падне бомба во кафеанава, пола фирми во Македонија ќе затворат", деновиве истото (ама во светски рамки) подеднакво би важело и за Давос, каде што моментално се собрани 80 светски милијардери.

"Лавиците на Сирија"

Како што почна да му снемува мажи, Асад почна да регрутира жени за да ја пополни бројноста во сиријската армија. За почеток нема одма да ги праќа на фронт.

Норвешките патишта не се безбедни од козји кашкавал

Еден од главните тунели на северот на Норвешка цела недела е затворен, не заради снег, не заради стадо ирваси, туку затоа што им се преврти шлепер со козји кашкавал.

Франција смрди на расипано јајце

Цел северо-запад на Франција смрди откако една фабрика за хемикалии во Руен испушти безопасен облак од гас кој мириса на мешавина на лук, пот и расипани јајца.

За што зборуваше Обама 2009. vs. 2013.

Американците го ислушаа говорот на Обама, педантно го разгледаа и направија споредба кои му биле клучните зборови за време на инаугурацијата во 2009-та и таа во 2013-та.

Редакција на лизинг

Како дел од спасот од банкрот, весниците во САД почнаа да ги даваат на лизинг бироата на нивните поранешни новинари.

Талибанците не сакаат под Завод

Талибанците кои решија да ја прифатат владината програма за помирување се комплетно разочарани бидејќи кај останаа без оружје сега се и без работа.

Перењето пари од дрога е најголемиот бизнис за банките

Банката Ваховија има испрано 378 милијарди долари на мексиканските нарко-картели, HSBC "не успеа да мониторира" 38 илјади милијарди фунти на нарко-картелите кои минаа низ банката а уште дузина банки потпишаа спогодба со американскиот Департман за правда за најразлични прекршувања на законите за перење пари.

Единствениот турист во Сирија

Себеси се нарекува "комбинација на самурај и камиказа" а во основа е јапонски возач на камион на кој животот му е толку досаден што решил да оди на одмор во Сирија. По пат, почнал и да прави фотки од војната.

Света дозвола за силување

Влијателен религиозен лидер од Саудиска Арабија издаде официјална дозвола за силување жени од Сирија. Великодушно одреди дека силуваните мора да имаат најмалку 14 години.

Камата од диктаторски режим

Додека уште беа на власт, поточно некаде во времето кога сите масовно почнаа да не ги сакаат, Бен Али и Хосни Мубарак добија известување од Швајцарија дека сите нивни пари во земјата се замрзнати. Сега Швајцарците решија ги вратат парите таму од каде беа украдени. Сите 830 милиони долари.

Зошто Википедија собира пари кога не и требаат?

Википедија моментално е преполна со пари, а и покрај тоа секоја година успева да собере повеќе донации отколку што и требаат за да функционира.