Свет

Жртви без насловни страници

Во комплетно безумен чин во Конектикат загинаа 20 невини деца. САД со право се ужаснати. Со право и се потегнуваат сите можни дебати, од контрола на оружјето (една од најлицемерните политики на Обама) до улогата на семејството и институциите. Но, зошто бесшумно заминаа 178 убиени деца?

Хрват е режисер на северно корејскиот документарец

Официјалната приказна е: дисидент бега од Северна Кореја и со себе го носи документарецот Пропаганда, направен од властите во Пјонгјанг кои во него (прилично точно) го прикажуваат животот на Западот. Документарецот му го предава на студент во Сеул, кој потоа го објавува на ЈуТјуб и се натаму е историја. Вистинската приказна е: документарецот го снима Хрват во Нов Зеланд.

Изгубени во концентрацијата

Ако ја читате статијава на работа тоа на ниту еден начин не значи дека сте мрзливи, само дека концентрацијата ви е на ниво на златна рипка. Без гајле, до работата е и не сте само вие.

Чалми пред Бакингемската палата

За прв пат во 180-годишната историја гардата на Бакингемската палата има член кој нема да носи една од оние надградените шубари.

Чалми пред Бакингемската палата

За прв пат во 180-годишната историја гардата на Бакингемската палата има член кој нема да носи една од оние надградените шубари.

Кина "кежуал"

Од работничката униформа на Мао, преку крајно формалните костуми на претходната гарнитура, најновите владетели на Кина воведоа и нов официјален стил на облекување - директор на "афтер ворк" забава.

Научникот од ЈуТјуб

Комбинирајќи ја желбата да ги научат луѓето нешто за хемија, со најпопуларното место на кое што денес луѓето учат се и сешто, Универзитетот во Нотингем прави Периодична табела на видеа, со неповторливо добар главен лик, инаку професор на Универзитетот.

Како да го навредиш Иран во еден потег?

Од сите можни причини заради кои Иран може да ја спука со Шведска (Швеѓанки, порно, Швеѓанки, порно, Швеѓанки), Ахмадинеџад се налути за едно прекрстување нозе.

Владимир Путин - Нежниот

Независимаја Газета објави тајни документи на Кремљ составени од најблиските соработници на Путин, во кои под итно се бара од рускиот претседател да престане со - тепање пред телевизија и да се ребрендира во фин дечко.

Во меѓувреме во Австрија

Возач на градски автобус во Виена на седиште наоѓа заборавена торба. Ја отвора и во неа има 390.000 евра. Бидејќи веста ја читате на сајт, знаете дека ја вратил торбата во полиција.

Бруталност, ниво - макс.

13 полицајци од Кливленд се ставени на суспензија се додека не се утврди зошто им биле потребни 137 куршуми за да убијат двајца невооружени криминалци.

Eве зошто милијарди луѓе ќе умрат од глад

Моментално во светот има 7 милијарди луѓе што е 5,5 милијарди повеќе отколку што Земјата може да издржи, и оваа разлика ќе се намали, сакале ние или не.

Ситно за патарина?

Благодарејќи на двајца Кинези уапсени во Франција, може да видите како би излгедало да шверцувате 1,8 милиони евра во седиштата од вашиот автомобил.

Затајување ДДВ од олимписки пропорции

Со парите од данокот што ќе ги изгубат од 2008-ма и 2014-та, Лондон слободно би можел да организира уште една Олимпијада идентична на онаа од летоска.

Зошто е лошо да добиеш џекпот од 550 милиони долари

Најдобро нешто што може да му се случи на човек е да НЕ му се падне џекпот од 550 милиони долари (џекпотот на американската лотарија). Еве зошто.

Отпорот има цена

Пред неколку дена објавивме за стариот брачен пар кој со целиот свој инает ги натера кинеските власти да направат автопат околу нивната куќа. Денес објавуваме за нивната капитулација.

Зошто Америка не може да го затвори Гвантанамо?

Затворот во Куба е веројатно најголемото неостварено ветување на Обама во првиот мандат. А не е дека човекот не се труди.

Сиктер ќотек

Во најкарате сторијата на денот, Кинез во крајно Брус Ли манир претепува речиси десетина мажи кои доаѓаат да го иселат од неговиот дом.

Лотарија на животот

Швајцарија е најдобрата земја да бидеш роден во 2013-та, на сосема другата страна по 11 различни основи е Нигерија. Нас, дали за добро, дали за лошо, не нема на списокот.

Зад секој корумпиран Кинез стои жена што не му е сопруга

Додека кинеските блогери и медиумите имаат неочекувано сериозен успех во откривање на корумпираните политичари, клучен сегмент на општеството за апсење на политичарите се - нивните швалерки.

Копилето на Марија Кири

Речиси 6 години откако ја имаше главната улога во судирот меѓу Британија и Русија, Полониум-210 повторно се врати во центарот на вниманието, овој пат на другата страна на светот - во Палестина.

Што го скрши Путин?

Кога неодамна неуништливиот Путин се повреди во некоја од неговите "воншколски" активности, сите тоа го поврзаа со неговото летање со птиците. Всушност целата работа била од ќотек.

Ким Јонг Ун, најсекси маж на светот. НЕ!

Официјалниот весник на кинеската комунистичка партија ја пренесе веста за изборот на Ким Јонг Ун за најсекси маж на светот. Изборот во кој победи првиот човек на Северна Кореја, го организира сајтот - Onion.

Битката за Арктикот

Додека Русија чека од катастарот на О.Н. да и биде дозволено да влезе на Арктикот и да почне со вадење нафта и гас, Западот по сите основи гледа да го спречи нејзиното стапнување на Северниот Пол. Сега, Светската банка се обидува со екологија.