Уредништвото на весникот забележува дека по објавувањето на скандалот од страна на Гардијан, администрацијата на Обама "повторно го извадила истото оправдание што го има секој пат кога Претседателот ќе биде фатен како ги злоупотребува своите права."
"Администрацијата сега го изгуби целиот кредибилитет по ова прашање. Г-дин Обама докажува дека извршната власт ќе искористи секоја моќ што ќе и биде дадена и најверојатно ќе ја злоупотреби. Ова е една од причините зошто цело тврдиме дека Патриотскиот акт, донесен во сржта на стравот по 11-ти септември 2011-та, е невнимателен во неговото припишување на непотребни и преголеми моќи за следење."
Во последните случај, ФБИ и НСА го искористиле Патриотскиот акт за добивање на таен судски налог со кој ја присилиле бизнис дивизијата на Веризон да ги предаде податоците од сите можни повици кои минале низ нивниот систем.
Вашингтон Пост и Гардијан го објаснија и процесот во кој НСА можела да ја следи целата интернет комуникација директно од серверите на девет водечки американски компании.
Според извори на Тајмс онлајн целта на прислушувањето на телефоните е да се "открие дали познат терорист бил во контакт со други луѓе кои може биле вклучени во терористички активности, посебно луѓе сместени во САД."
"Ова е клучната цел, меѓутоа како собирањето на податоците од разговорите на сите му служи на ова? Владата лесно може да ги добие листите со повици (вклучувајќи ја и нивната содржина) 'за познати или осомничени терористи' без притоа да ги регистрира повиците на секој можен корисник."