Заштита на работа сред војна

Британија би можела да остане без војници за клучните воени мисии, откако судот одлучи дека и за војниците треба да има правила за безбедност на работа како и за (да речеме) тетките што работат во сметководство.

Секретарот за одбрана Филип Хамонг изјави дека воените функционери ќе треба "да живеат во страв" заради секој повреден што бил на мисија по нивна наредба.

"Постои вистинска загриженост дека британските војници би биле спречени во извршување на нивните мисии, од страв дека ќе прекршат некое од правилата на законите за човекови права. Не можеме да си дозволиме нашите команданти да живеат во страв како некој адвокат во Лондон ќе ги протолкува нивните одлуки на военото поле, кои биле клучни за заштита на националната безбедност," изјави Хамонг.

Проблемот е што британскиот Врховен суд одлучи дека Европската конвенција за човекови права важи и на војното поле. Па така, сега војниците Авганистан можат да бараат да не одат вечерно време во битки, да не пренесуваат авганистански војници и персонал во хеликоптер или да се прекине со битките по паѓањето снег.

Дополнително, во иднина војниците не би смееле да бидат испраќани на мисија со застарена опрема, бидејќи доколку бидат убиени во таква ситуација (да речеме во стар модел на Ленд Ровер) тоа би било прекршување на правото на живот наведено во вториот член од конвенцијата. Ова би ги опфаќало и војниците убиени од пријателски оган.

За секое прекршување на правилата од конвенцијата, освен евентуална командна одговорност, семејствата на загинатите војници ќе можат на суд да бараат и финансиска отштета.

22 јуни 2013 - 19:05