Свет

Најглупата фора што интернетот ја има смислено

И додека "planking" беше прифатливо идиотска работа, "milking" успева во корен да го редефинира поимот идиот. И не, не е тоа што мислите.

Кругот на Путин

Нешто пред да се случи швалерската аферата со генералот Петреус во САД, во Русија веќе се одигра слична драма со Министерот за одбрана и уште неколку компликувани ликови.

Камерон ќе ги строи административците

Над 3.000 бирократи на Европската Унија заработуваат повеќе отколку британскиот премиер. Не за долго.

Воините од Твитер

После првата ноќ од нападите на Израел врз Газа, на Твитер се појави фотографија од 11-месечно бебе кое беше убиено од израелски проектил. Неколку часа подоцна се појави фотографија од уште едно бебе, овој рането девојче од Израел. Војната почна и на Твитер.

Човекот што не ја продаде куќата

Постар брачен пар решава да не им ја продаде својата куќа на инвеститори кои имаат градежен проект во нивното соседство. Инвеститорите се откажуваат, од купување на куќата, не од проектот.

220 спратови за 90 дена

Кина ќе ја изгради највисоката зграда на светот и тоа во рок од 90 дена. Само ова - зградата ќе има 104 лифтови.

Како Израел ги собори ракетите на Хамас

До сега одбранбениот систем на Израел (Железната купола) има уништено (во воздух) над 300 ракети испукани од Газа кон израелските населби. За несреќа на над 100 загинати од другата страна, Палестинците во Газа немаат ништо приближно на ова.

Зошто жените од Тајланд им ги сечат на сопрузите?

Од време на време во Тајланд се случува "епидемија" на ампутации на пениси. Докторите генерално се снаоѓаат со проблемот, само ги интересира зошто?

Метадон за педофили

Секс терапевти бараат легализирање на виртуелна детска порнографија, за педофилите да можат некако "да си ги олеснат потребите." Како и други легализирања и ова е од Холандија.

Британија би ѝ раскинала на ЕУ

Од 100% Британци, само 30% се сигурни дека сакаат да останат во ЕУ. Останатите се измеѓу "пакувај се" и "ај уште една пијачка, па ќе видиме."

Официјален водич за подмитување владини функционери

 

Американската влада објави упатство за тоа што се може да прават американските компании во странство, а тоа на да се смета за корупција. Работи од типот - не е дозволено да му дадеш некому актовка полна со пари, ама па има и други начини како да го решиш тоа.

Планината од чад во Њујорк

Од канцеларијата на Градоначалникот на Њујорк решаваат да го измерат загадувањето во градот. Се вадат од памет од бројките. Наместо да ги кријат, ги објавуваат на најсликовит можен начин.

Франција, темпираната бомба на ЕУ

Тоа што во моментов се случува во Грција, Шпанија, Италија и Португалија, ќе биде инстантно засенето од најголемиот проблем што ја демне Унијата - Франција.

За што ќе плати БП 4,5 милијарди долари

Како што беше најавено, Бритиш Петрол ја доби казната за хаваријата во Заливот на Мексико. Се на се - 4,5 милијарди долари. Еве како ќе бидат поделени парите:

Последниот говор на Рон Пол

Долгогодишниот конгресмен, доктор и трикратен претседателски кандидат, објави дека се пензионира на крајот од годинава. Во средата го одржа својот последен говор на говорницата на која излегуваше 23 години.

Мрежни апсења

Тинејџер пиша невкусен коментар на Твитер, друг навреди војници на Фејсбук, трет објави фотографија од запалена булка од хартија. Што ги спојува? Сите тројца се уапсени.

БП го чека легендарно голема казна

За зулумот што го направи во Заливот на Мексико, Бритиш Петрол ќе биде казнет со историски голема глоба, објавија претставници на американското Министерство за правда.

Освоена "земјата на кракот"

Во подготовките за Олимпијадата, 2.000 полицајци на Рио го затворија најголемиот пазар на дроги во градот. Само на таа локација, приведени се 230 зависници.

Сите сакаат отцепување од САД

Откако официјалната петиција на Тексас за отцепување од САД доби речиси 100.000 потписи (што во Тексас е само 0,39% од населението) на сајтот на Белата Куќа, сега и остатокот од земјата почна да го бара своето право на отцепување.

Слобода гледа, цензура вади

Државата не учествува во меѓународни договори и конвенции за човекови права, во земјата се засилуваат расистичките и ксенофобичните чувства, полицијата употребува прекумерна сила, гласачите ги губат своите права, се практикува смртната казна и цензура на интернет. Не, не е таа што ја мислите.

Петреус курбан за Обама?

На крај може да излезе дека "швалерка" беше најлесниот начин Петреус да си даде оставка а притоа да не му направи проблем на Обама и на ЦИА.

Нема заштита од Мекафи

Ова најдобро би можел да го посведочи извесен Грегори Фаул да не беше најден од полицијата од Белизе како лежи во локва крв со прострелна рана во главата. Првоосомничен за убиството е пионерот на компјутерските антивируси, Џон Мекафи.

6 работи после изборите

Обама речиси и да не се подготвувал за првата дебата, а Ромни толку бил уверен дека ќе победи што потрошил 25.000 долари на огномет за победата. Има уште.

Кој да ги советува советниците?

Компанијата која добиваше 250.000 долари месечно за да го поправи имиџот на Гадафи во светот, само што доби решение за банкрот, речиси една година по смртта на нивниот клиент.