Пензионираниот судија на Врховниот суд Џон Пол Стивен изјави дека не била валидна правната логика која преовладала во случајот Буш - Гор благодарејќи на која републиканскиот кандидат доби мандат да управува со земјата.
Тоа беа исклучително замрсени избори, особено околу сметањето на гласовите. Најспорна беше Флорида која и ги одлучи изборите, со помош на тогашното решение на Врховниот суд кој до 5 гласа за и 4 против донесе одлука во полза на Буш.
Судијата Стивен вели дека сега поинаку би гласал во тој случај и дека таа одлука била спротивна на одредени клаузули на американскиот устав.
Претходно и судијката Сандра О' Конор, исто така блиска до републиканската опција, изрази жалење што Врховниот суд воопшто решил да го разгледува тој случај.