Кит Џад се појавуваше на изборите на Демократите како кандидат за претседател и во 2008-ма и во 2012-та година во неколку сојузни држави. Во обата наврата го уживаше статусот на сертифициран "допишан кандидат", учесник чие што име го нема на гласачкото ливче но гласачот може да го допише како свој фаворит.
И постигнува фрапантно добри резултати, успевајќи дури и да го победи Обама во десетина окрузи на Вирџинија. Во таа држава освојува вкупно 40 проценти од гласовите од 2012-та а во 2008-ма постигнува добар резултат во Ајдахо.
Џад смета дека Обама го тепал нефер бидејќи тој не е американски туку кенијски државјанин и како таков не е квалификуван да биде претстедател на САД.
Доаѓаме до најинтересниот дел.
Во моментов државата го води Џад како 11593-051, неговиот официјален затворски број во еден затвор во Тексас каде што служи 17, 5 годишна робија. Заработена затоа што ѝ праќал заканувачки писма на една жена од Тексас обвинувајќи ја дека е клон на Стиви Никс, пеачката на Флитвуд Мек.
"Не знам како дојде до таа идеја но тој беше убеден дека јас не сум јас, туку дека Стиви Никс платила да направат нејзин клон за да може меѓу два концерта да ја води мојата компанија за домашни сервиси," изјави жената која Џад ја тормозел.