Таг: вирџинија

Пара на пара се лепи, милијарди на Амазон

По година и кусур конкурси, разгледувања, кандидатури и слично, Амазон неделава објави дека новото седиште на компанијата ќе го отвори во Њујорк и во северна Вирџинија, и за овој потег ќе добие државни субвенции во износ од 4,6 милијарди долари. Или: компанијата која чува 8,6 милијарди долари во кеш на оф-шор сметки за да не плати данок во САД и чиј сопственик е најбогатиот човек во светот, од американските даночни обврзници ќе добие на поклон 4,6 милијарди долари затоа што ќе отвори нови канцеларии.

„Вистинскиот“ претседател го тужи Обама

Да го тужиш Обама дека ти ги украл изборите (а да не си Мит Ромни) мора да значи дека си некој разигран лик. Токму таков е Кит Џад само што не може многу да се разигра бидејќи во моментов служи затвор од 17 и кусур години. Заради многу интересна причина.