34-годишната Крандал стоела во ред во продавница со својата ќерка на еден чекор од богатството, кога Меккензи некако се некако се шмугнала пред неа. Кога ќерка и и посочила дека бабата оди преку ред, Крандал не обратила многу внимание.
Дури и касиерката го забележала ова, па и дала предност на Крандел да го купи лозот на Меккензи, кој доколку бил задржан редот таа ќе го добиела. Жената одбила.
Подоцна иста вечер, 84-годишнта старица стана единствениот добитник на премијата од 590,5 милиони долари.
"Домашните ме закачаа дека жената што пред мене го купи ливчето ќе ја освои премијата, а јас им велев - како не бе, никој нема да победи од нашиов град."
Запрашана дали и криво, Крандал одговорила дека не жали и дека "можеше да бидеме ние, ама се случуваат работи."
Меккензи одлучи да оди на еднократна исплата (сепак има 84 години), со што ќе добие 370,8 милиони долари.