Свет

Пренаточканост

Холандија има 17 милиони луѓе. И тоа не е никаков проблем. Проблем е што тие 17 милиони луѓе имаат 18 милиони велосипеди.

Битката за Москва, 70 години подоцна

На 7-ми ноември 1941-ва, додека Нацистите се на само 30 километри од Москва, во градот во исто време руската армија одржува парада пред да се упати кон фронтот. Ова се смета за моментот кога Германија ја губи војната во Советскиот сојуз, а со тоа и во остатокот од светот. Годинава беше 71-годишнината од парадата. Русите не заборавија.

Почнува конгресот за промена на Кина

Додека во Америка продолжи владеењето на Обама, во Кина се случува најголемата промена на власт во изминатите десетина година. Целиот настан е концентриран во Пекинг, и во основа изгледа како Олимпијада на Комунистичката партија.

Изборите во милијарди

Без конкуренција ова беа најскапите избори во историјата на САД. Ниту еден од двајцата кандидати не прифати финансирање од државата, заради што можеа да собираат пари од донатори и PAC (Political Action Committee). Собраа како никогаш досега.

Како порното ја сопре СИДА-та

На снимање пред да и покаже било што на Стоја, порно актерот Џејмс Дин (James Deen) прво го вади својот мобилен на кој во меил од лабораторијата има потврда дека тој е негативен за ХИВ, сифилис, кламидија и гонореја. Потоа, таа го покажува својот извештај.

Обама ги освои насловните

Затоа што луѓето повеќе не ги чекаат весниците за да ги добијат новите информации, печатените медиуми решија да ја подобрат својата актуелност, па на Твитер објавија фотографии од насловната страна на денешниот број, додека тој се уште беше во печат.

Барак Обама го освои вториот мандат

Охајо повторно се покажа пресудно за американската претседателска трка. Барак Обама го добива вториот мандат благодарејќи на ефикасна кампања темелена на испробана техника - оцрнување (метафорично де) на противникот.

Сенди го смири криминалот

Покрај сите штети што ги направи Сенди, полицијата на Њујорк успеа да излезе и со неколку позитивни нуспојави на ураганот.

Водич за синовите на Ромни

Откако на еден од синовите на Ромни му се падна задачата да им се заблагодари на Македонците, време е да се запознаеме со оваа негова петорка арслани. Ама, што се битни неговите синови? Ама така и за Буш зборевме.

Се бара г-дин Министерка за правда

Француската министерка за правда се гледала со 8 дечковци во времето кога останала бремена со вонбрачно дете. Сега таа се сомнева на еден од нив, тој се сомнева на останатите 7.

Сенди, пред да стане позната

Пред да ја доживее својата светска популарност, Сенди се занимаваше со истата работа. Само што не стигнуваше на насловните страници и дуплериците затоа што "денсаше' на погрешно место. Сè е до локацијата.

Иран го прекина збогатувањето на ураниум

Одлуката се смета за знак на добра волја на властите пред почетокот на преговорите со САД во врска со нуклеарната програма, кои треба да започнат следната недела.

А карта е курва

Иако се точни, картите кои често ги гледаме во американското предизборие визуелно лажат. Наместо кубистичи потези, прецизните политички мапи имаат далиевска заобленост.

Србин ги доби Гугл и Јаху

Двата интернет пребарувачи ќе мораат да му платат оштета од 591.000 долари на Србинот од Австралија Милорад Тркуља, бидејќи го преставија како криминалец.

Јапонски град бара кум

До сега се викаше Изумисано, од сега може да се вика како што ти ќе посакаш доколку дадеш најмногу пари на аукција.

Без метро, Менхетен ќе стане џиновски паркинг

За во еден ден на Менхетен со кола да стигнат онолку луѓе колку што дневно превезуваше метрото (кое е сега под вода), потребно е да се изградат 76 мостови (како Бруклинскиот мост) кон островот. Па дури после ќе се прави муабет каде ќе паркираат сите тие луѓе.

Дипломатија, кирија и проститутки

Цената на киријата во Хонгконг е толку порасната што сега дури и на амбасадите (на богати држави) им е поисплатливо да бидат соседи со проститутките и стриптизетите во Хонгконг, отколку да останат во центарот на градот.

Африка се дебелее

Ете и тоа доживеавме. Речиси 30 години по оние бенд-ејдови и уса фор африки, на гладниот континент се одржува конференција на тема: што правиме со дебелите?

Празен Њујорк

Опасноста од ураганот Сенди и превентивната евакуација на Њујорк, ненамерно создадоа некои од најневеројатните сцени во историјата на градот - Њујорк без луѓе.

Државата како бренд

Постои нешто што се вика Бренд индекс на државата, на кој се рангираат држави за тоа колку се моќни како светски бренд. Меѓу рангираните 118, Македонија ја нема.

Вол Стрит го издаде Обама

Фамозниот "1 процент" кој држи 40% од американското богатство и е олицетворен во Вол Стрит, изборите ги чека со ливче уплатено за Мит Ромни. Многу чуден пресврт, ако се знае дека Обама во првиот мандат се искрши за да им покаже дека е нивен играч. 

Казната за Берлускони скоро како да не се случила

Дури и да служи затворска казна, поранешниот италијански премиер нема да одговара за најголемиот дел од работите што ги направил.

Рекламите на претседателите

Трошоците на кампањите на двете страни веќе ја достигнаа бројката од 1 милијарда долари, сума во која не се пресметани рекламите што ги плаќаат нивните симпатизери (super PAC).

Ал Помада

Исламистичката група уапсена пред една година во Бирмингем планирала масовни убиства со отровни помади намачкани на кваки на паркирани автомобили.