Дали торбите полни пари кога било и завршиле работа на ЦИА?

Њујорк Тајмс ја објави веста дека ЦИА му истурала десетици милиони долари на Хамид Карзаи. Исплатите во готовина пристигнувале во актовки, ранци и пластични кеси. Ама колку помогнаа?

Тајмс забележува дека субвенциите на ЦИА всушност многу повеќе ја поттикнувале корупцијата во Авганистан, отколку што вршеле некаква работа. Истата корупција што САД се обидуваше да ја уништи.

ЦИА има долга историја на давање пари на пријателски шефови на држави, најчесто со резултатите кои имаат неверојатна сличност со напорите во Кабул.

Прв пат ЦИА во 1948-ма почувствува што можат да направат неколку луѓе за актовки полни пари, кога престрашени од евентуалниот успех на комунистите на изборите во Италија, почна дебело да ги финансира Христијанските демократи. Планот успеа, комунистите беа поразени. Меѓутоа овој успех подоцна се покажал како неповторлив. Кога во 1970-та, агенцијата се обидела да ја репризира акцијата во Италија, таа несвесно заврши финансирајќи неуспешен нео-фашистички пуч и десничарски тероризам.

Ова станува шаблон за агенцијата- неверојатен успех, по кој следува стравотен пораз.

Кога во 1953-та, ЦИА успева да го собори демократски избраниот премиер на Иран, Мухамед Мосадек, тоа се смета за една од најдобрите акции на агенцијата. Во еден потег, ЦИА го уништи влијанието на Советите на Блискиот Исток и осигури витален дел од светските резерви на нафта. Агенцијата доби впечаток дека агентите можат да соборуваат влади во еден потег, и дека американските долари ќе ги штитат американските интереси. Откако државниот удар успешно заврши, Ким Рузвелт, офицерот на ЦИА кој ја испланира целата работа му даде 1 милион долари на генералот Захеди, кој ја превзема позицијата на Мосадек. Со парите во рака, Захеди го враќа Шахот во Иран. И сето ова им успева се до револуцијата во 1979-та, по што САД го губи и најмалото влијание во земјата.

Во 1963-та, ЦИА поддржа го поддржа државниот удар во Виетнам, во кој од власт беше сменет Нго Нин Дием. По ова следуваа неколку последователни државни удари. На крај власта успева да ја консолидира Нгуен Ван Тју, јужно-виетнамецот кој од 1968 до 1969-та од ЦИА добива 725.000 долари. Ова е човекот кој го водеше јужен Виетнам се до падот на Сајгон.

Кога агенцијата не верува дека може да ги реши проблемите преку државни удари, кесите со пари одат за атентати.

Патрис Лумумба претставувал проблем за администрацијата на Ајзенхауер, која се плаши дека тој ќе го претвори Конго во африканска Куба. Иако Советите биле скептични за комунистичкото педигре на Лумумба, Ајзенхауер наредува тој да биде убиен, мисија што ЦИА успешно ја поддржува во 1961-ва преку својот нов штитеник, Мобуту Сесе Секо. Со Лумумба мртов, и 250.000 долари во готово, оружје и муниција од ЦИА, Мобуту ја превзема власта во земјата и започнува 3-децениско владеење во кое преовладуваат грабежи и масакри. Мобуту се покажа како вреден сојузник на САД во Студената војна, меѓутоа тој исто така ги постави основите за хаосот и насилството кои го дефинираат денешно Конго.

Foreign Policy

30 април 2013 - 18:28