Народот што крена оружје против картелите и државата

На 5-ти јануари во Ел Потеро, мало гратче во мексиканската држава Гуереро, беше киднапиран маж по име Еузебио Гарсија Алварадо. Уште едно меѓу илјадниците киднапирања во Мексико. Меѓутоа начинот и дрскоста што криминалците ја покажаа при неговото киднапирање ги турна неговите сограѓани во герилска војна против картелите.

Дента откако Еузебио бил киднапиран, стотици жители од соседните места одлучија дека тие може многу подобро да ја чуваат сопствената заедница отколку локалната полиција. Тие го зеле своето оружје (во најголем дел ловџиски пушки), поставиле барикади на влезовите на селата и со пикапи започнале патроли на локалните патишта.

Зад целото ова стои поранешната организација на Еузебио, Унијата на градови и организации на државата Гуереро (UPOEG).

Киднаперите уште истиот ден го ослободија Еузебио, меѓутоа барикадите и патролите на UPOEG не престанаа. Ним дури им се придружија уште 5 околни општини. Во првиот месец, милициите фатија 54 лица кои ги обвинија дека се вклучени во организиран криминал.

4 мај 2013 - 14:30