Цехот за еден ранет американски војник

Во војните во Ирак и Авганистан, Американците официјално имаат 866.181 ранет војник, на долг рок секој од нив во медицински трошоци ќе ги чини по 2 милиона долари.

Најголемиот раст на трошоците е заради бројот на луѓе кои се квалификувани за или веќе побаруваат бенефиции за ветерани.

Во пресметките на Harvard's Kennedy School се проценуваше дека 40% од војниците ќе ги користат овие бенефиции. Меѓутоа со враќањето на ветераните, увидоа дека процената им е ниска, и сега веруваат дека ова ќе се крене на 56%.

Втора основа е што до сега 783,623 војници (секој втор ветеран од Ирак и Авганистан) побарале "боречка пензија." Од нив на над 670.000 им било позитивно одговорено, а само 15.521 биле одбиени.

Трет проблем е што природата на повредите здобиени во Ирак и Авганистан, кои вклучуваат ампутации и психолошки проблеми, значат дека и дел од 1 милион војници кои се уште се активни во иднина ќе бараат исплати.

Од Харвард ги пресметуваат трошоците до 2053-та. Според нивната математика медицинските трошоци за ветераните ќе бидат 287,6 милијарди, пензиите по основа на инвалидитет ќе чинат 419,7 милијарди долари, социјалните бенефиции за нив и трошокот за функционирање на VA (Veterans Affairs) ќе бидат дополнителни 128,9 милијарди долари. На сето ова треба да се додадат и 800-те милијарди долари што владата веќе ги има потрошено на ранетите ветерани и 134-те милијарди што веќе се исплатени за бенефиции.

15 мај 2013 - 16:40