Партијата на крадци, криминалци и Путин

Половина од Русите сметаат дека партијата на Путин се "криминалци и крадци," на опозицијата не и јасно што мисли другата полова.

Опозицискиот лидер Алексеј Навални (кој моментално чека судење за проневера на пари) не успеа да ги добие последните избори, меѓутоа успеа да го рашири анти-владиниот слоган, партија на "криминалци и крадци."

Сега 51,3% од Русите се согласуваат со слоганот. Истражувањето на Ведомости, покажува и дека само 10% од испитаниците се согласиле со изјавата "избраните функционери се грижат за добробитта на луѓето," а 62% од луѓето се сложиле дека "одржувањето и засилувањето на нивната сопствена моќ" е најважната работа за руските политичари.

"Што се случува во умот на тие 49% од луѓето што не се согласуваат безусловно со фактот дека Обединета Русија е партија на криминалци и крадци? 51% е добро, ама треба да биде 79%," пишува Навални.

Судењето на Навални започна пред 1 месец, а 99% од испитаниците сметаат дека тој ќе биде прогласен за виновен. Доколку ова се оствари, тој ќе добие 10 години затворска казна и доживотна забрана да се кандидира за некоја јавна функција.