Прирачникот Untangling The Web има 643 страни, а напишан е во 2007-ма од Robyn Winder и Charlie Speight.
Меѓу содржините во книгата се наоѓа и главата за пребарување на Гугл.
Ако си агент на NSA и те интересираат чувствителни информации за компании во Јужна Африка, пребаруваш доверливи ексел табели кои компанијата ненамерно ги објавила на интернет. За ова во Гугл пишуваш "filetype:xls site:za confidential".
Ако ти требаат табели со пасворди од Русија, пребаруваш: "filetype:xls site:ru login". Како што објаснува авторот, дури и на веб страни кои не се на англиски или на латинично писмо, термините "login," "userid," и "password" генерално се напишани на англиски.
"Ништо од ова што ќе ви опишам е нелегално, или на кој било начин подразбира неавторизиран пристап до податоци. Сето ова вклучува јавно достапни пребарувачи за пристапување на јавно достапна информација, која речиси сигурно не била наменета за јавна дистрибуција," објаснува авторот.