Како што беше случај и со Ламборџинито, и овој пат станува збор за најновиот модел на Астон Мартин One-77, кој може да го купите 1,5 милиони долари во случај да успеете да го најдете (само 77 се произведени).
До сега полицијата на Дубаи успеа да состави флота од возила кои наликуваат на паркинг на казино во Монако. Како дополнување на Астон Мартинот, и неодамна набавениот Ламборџини Авентадор, тие имаат и Бентли, Мерцедес СЛС и Ферари ФФ.