Карлос Слим исмеан од "соросоиди"

50-тина активисти кои се противат на начинот на кој Карлос Слим го заработува своето богатство, навежбани го начекаа неговото излагање во њујоршката јавна библиотека и половина час му се смееа на она што го говори.

Грапата смета дека најбогатиот човек на светот со својата хуманитарна фондација само се обидува да го прикрие злото на кое се темели неговата империја, а тоа е монополот на речиси целиот телекомуникациски сектор во Мексико и екстра профитот кој таквата положба му го носи.

Карлос Слим последните години дава огромни пари за бесплатни онлајн курсеви и други образовни иницијативи а во библиотеката говореше за инвестициите во прочуената онлајн академија основана од Салман Кан.

30-тина минути траеше смеењето на протестантите (прилично глупо, како и секое вештачко смеење), по што еден од нив стана и ја објасни причината: "Вашата хуманитарност е за смеење ама вашиот монопол не е. Вие ги цедите вашите корисници и го угнетувате мексиканскиот народ," извика еден од нив по што групата со пластични свирчиња го отсвири Империјалниот марш на Дарт Вејдер.

Идејата за исмевањето е увезена од Индија, каде своевремено стотици луѓе секојдневно се собираа пред седиштето на нивниот гувернер и со заедничко смеење му порачуваа дека нема да успее во намерата да ги контролира и заплаши. Тој тогаш не истапи од функцијата но ги изгуби следните избори.

Инаку, хуманитарните иницијативи отсекогаш биле еден од омилените начини на богатите луѓе или да ја смират совеста или, што е поверојатно, ефикасно да го полираат својот јавен имиџ заради доброто на својот бизнис.

Самата библиотека во која говореше Слим е плод на семејството Карнеги кое на почетокот на 20-от век даде мултимилионска донација (денес би била вредна билијарди) за отворање јавни библиотеки во Њујорк.

Звучи прекрасно, ако не се знае дека богатството на ова семејство е резултат на ужасна експлоатација на

работниците и брутално кршење на нивниот синдикален отпор. Особено во 1892- година, за време на прочуениот Хоумстед штрајк, кога семејството најми 1.000 платеници од детективската организација Пинкертон прво да ги пополнат испразнетите од штрајк работни места а подоцна и крваво да се пресметаат со работниците.

Неколку години подоцна, Карнеги великодушно инвестираат во јавното добро и ден-денес библиотеки и други културни институции го носат нивното име кое звучи благородно.

Еве како, по овде добро познатата франшиза, се спремаа и како го реализираа својот протест тамошните противници на Карлос Слим.

Се очекува во текот на денов, Жарко Трајановски на Фејсбук да ја истакне својата поддршка за њујоршките случувања а потоа истата на 17 страници да ја образложи на сајтот Окно, ако за тоа се најде место покрај колумните на Саше Паралитико на кого му го честитаме бракот и искрено му посакуваме барем во тие води да се снајде добро.