Федералните обвинители и првиот човек на пропаднатиот гигант Енрон се блиску до постигнување договор по кој за цели 10 години ќе му биде намалена првично изречената казна затвор.
За да му прости на Џефри Скилинг, државата од него бара да се откаже од понатамошно обжалување на судската одлука и да прифати сумата која му беше запленета (40 милиони долари) да биде поделена како обештета за жртвите на финансискиот скандал кој своевремено ја потресе целата финансиска конструкција на САД.
Енрон на времето беше 7-ма од 500-те најбогати американски компании за во декември 2001-ва да прогласи банкрот а 5 години подоцна да стигнат и судските казни за менаџерите кои ја изведоа мултимилионската измама.
Скилинг во Енрон има работено преку 2 децении и беше извршен директор на фирмата во клучниот период кога таа пропаѓаше.
Тој беше осуден двојно повеќе од сите останати вмешани менаџери. Најдобро од сите помина човекот кој се сметаше за креатор на измамата, финансовиот директор Ендру Фестоу кој пројде со само 6 години затвор бидејќи профати да сведочи против Скилинг.
Доколку договорот биде постигнат, Скилинг ќе се најде на слобода во 2018-та година иако федералните затвореници како него би требало да одслужат минимум 85 проценти од казната.