Иако нема некоја официјална книга со правила и норми за тоа што подразбираат во Пјонгјанг под тешка робија, впечатокот може да се добие од сведоштвата на луѓе кои го преживеале ова.
Најдобрата варијанта, би било повторување на случајот со двете американски новинарки, Лаура Линг и Еуна Ли, кои беа осудени на 12 години тешка робија (заради нелегално влегување во земјата), меѓутоа не минаа ниту секунда во работничките кампови за време на 5-месечното заробеништво (по сериозна дипломатска кампања двете беа ослободени).
"Никогаш не бев испратена во озогласените работнички кампови. Бев во соба која имаше кревет и тоалет, а до неа имаше уште една соба со две стражарки," изјави Лаура Линг за СиБиЕс.
За разлика од нив Американецот Аијалон Маил Гомес бил затворен во "брутален работнички камп" во 2010-та, каде се обидел да изврши самоубиство заради ужасните услови.
Друг Американец, Роберт Парк, истата година заврши во работнички камп, откако нелегално влегол во Северна Кореја преку замрзнатата река Тумен. Тој во кампот останал само шест недели, меѓутоа кога се вратил во САД бил институционализиран "заради од суровото сексуално злоупотребување на кое бил подложен во затворот."
Во 2009-та Корејската адвокатска асоцијација објави извештај составен од сведоштва на преживеани и поранешни стражари од казнениот систем на Северна Кореја.
"Јадејќи исхрана во најголем дел составена од пченка и сол, тие ги губат забите, непцата им стануваат црни, а коските им слабеат. Најголемиот дел работат од 12 до 15 часови на ден, додека не умрат од некоја болест заради неухранетост, обично на возраст од околу 50 години. Имаат само еден комплет облека. Тие живеат и умираат во крпите, без сапун, чорапи или долна облека."
Во извештај од 2012. Амнести Интернешнл дава слично ужасен опис.
"Комбинацијата на опасна тешка работа, со недоволна исхрана, тепање, тотално неадекватна медицинска заштита и нехигиенски животни услови, резултираат со разболување на затворениците, а голем број умираат додека уште се во затвор или скоро по нивното отпуштање," стои во извештајот, во кој е пренесено сведоштвото на еден затвореник, според кој дневно добивале само 120 грама скапана пченка.