Плажи, самба и сериозно бесна полиција

За тие што не паметат од пред две години и за сите останати, бразилската полиција реши да потсети дека нема страв од никого, па ни од авиони.


Во средата, федерална полиција во Санта Виторија, со автомобил сопре авион на неколку моменти пред тој да се одлепи од пистата.

Петте осомничени беа уапсени а со нив и над 220 килограми кокаин. Пред да го удрат авионот со автомобил, полицијата и пукаше во него.

Снимката потсетува на една акција на бразилската полиција од 2011-та, кога со слична "техника" сопреа друг автомобил.

11 мај 2013 - 15:01