Наместо надвозници, обиколници и слични проширувања, иднината на транспортот на стоки е во беспилотни летала, барем ако се прашува основачот на компанијата Matternet.
Најголема заедница Иранци надвор од Иран. Меѓу 300.000 и 500.000, во дел на Лос Анџелес, каде Американци им го учат јазикот за да можат да влезат во бизнис. Квартот доби признавање и од Гугл Мапс, под "уставното име" Техеранџелес.
На домашен терен трката меѓу Обама и Ромни е зачудувачки изедначена но, да се прашува светот кој треба да биде следниот американски претседател, нема муабет за тоа. Освен во Пакистан.
Класниот опис на американското изборно тело некогаш звучи како стереотип (уметници и интелектуалци гласаат за демократи, работници и дебелаана за конзервативци), но податоците ги потврдуваат ископаните социјални ровови.
Речиси никој и да не го бара на интернет она што претседателските кандидатите го зборуваат во своите кампањи. Па така "Paul Ryan Shirtless" е цели 9 пати попребарувано од "Paul Ryan budget."
Бројот на Американци кои можат да се прехранат само со помош на владата повторно руши рекорди. Над 46 милиони луѓе примаат бонови за храна, што е двојно повеќе од пред 10 години.
Ромни заглави на уште една снимка. За разлика од првата, овој пат не омаловажува 47% од популацијата на САД, туку им порачува на газдите да побараат од своите вработени да гласаат за него.
Минатиот месец во една анкета во Охајо, 15% од испитаниците (републиканци) одговориле дека Ромни има многу поголема заслуга за ликвидацијата на Бин Ладен, отколку Барак Обама. Еве некои статистики за тоа што мислат Американците, што се случува надвор од нивната држава.
Ќе си речете, Кина е сосема друг свет, којзнае како тоа функционира и колку е сосема различно од остатокот на светот. Ама не, луѓето и таму ги мачат истите секирации како и секаде. Бескрајните поскапувања, проблеми со владата и нееднаквоста.
Една од најважните работи што Израел ја направил пред да го почне ембаргото кон Газа, е да пресмета кој е минимумот на калории што им е потребен за преживување Палестинците.
Полициското ликвидирање нарко босови во Јужна Америка прави топ вести ама не врши работа. Додека јавноста се израдува, картелот или веќе има нов лидер или се поделил на 10 помали. Сега ќе пробаат со Гугл аналитикс.
Низ цела Европа богатите малцинства се повеќе имаат желба да добијат независност од сегашната матична држава, која во време на финансиска криза се повеќе почнува да им тежи.
Николас Саркози е на добар пат да му стане колега на Тони Блер, доколку реши да ја прифати работата во Морган Стенли за плата од - 200.000 фунти на час.
Факт: семејното насилство се зголемува после важен спортски настан. Факт: само што игравме со Србија. Факт: првата точка важи и во случај на пораз и во случај на победа.
Немајќи излез од санкциите и зулумот што тие и го прават на земјата, Иран разгледува некои прилично очајни планови, меѓу кои и масовно испуштање нафта во Персискиот залив, за да се кренат цените на горивото.
Британскиот печат е сексистички и полн со родови стереотипи. Женско стигнува на насловна само ако има фотка со трагови од насилство или пак ако има дупе како Пипа Мидлтон.
На страна тоа што го пишува во официјалните норми за секоја од претседателските дебати, двете кампањи потпишале таен меморандум со Комисијата за Претседателски дебати, во кои ги уредуваат правилата за дебатите. Од типот - Комисијата треба да се потруди никој од кандидатите да не се испоти.