Станува збор за 9 годишниот Коља Лукашенко, најмладиот син на белорускиот претседател. Со 9 години, Коља веќе учествува на состаноци на високо ниво, се наоѓа на 43-то место на листата на 100-те највлијателни луѓе во Белорусија, што е повисоко отколку поглаварот на Православната црква, заменик шефот на претседателската администрација и сите опозициски политичари.
Претседателот Лукашенко ретко оди во на пат во странство без малиот, а до сега го однел кај Бенедикт 16-ти, на гости кај Хуго Чавез, Раул Кастро и претседателите на Русија, Украина и Ерменија.
Коља беше таен син на Претседателот се до неговото појавувањето на изградбата на една спортска сала во април 2008-ма.
Од тогаш тој секаде оди со претседателот, од посета на фабрики и средби со ветерани од Втората светска војна, до воени паради на кои сместен во ложата му салутираат од војници до генерали.
"Кога ќе дознае од телевизија дека сум бил некаде без него, одма прави сцена," изјавил Лукашенко, кој признава дека Коља го наследил неговиот проблематичен карактер.
Тој е трето дете на Александар, и е роден во 2004-та, од Ирина Абелскаја, поранешната лична докторка на белорускиот претседател. Наводно детето никогаш не ја видело својата мајка, бидејќи (според медиумите) претседателот не го дозволува тоа.
Лукашенко своевремено изјави дека го смета Коља за свој наследник, за потоа да ја повлече изјавата, објаснувајќи дека целата идеја за политичка династија е измислена од опозицијата за да ги исплаши Белорусите.