Како Карзаи во лој

Хамид Карзаи со години бил спонзоруша на ЦИА, која секој месец со милиони долари во готово го подмачкувала авганистанскиот претседател.

ЦИА до сега му има исплатено десетици милиони долари на Карзаи, кои рата по рата секој месец во торби пристигнувале во претседателската канцеларијата. Освен Карзаи ЦИА финансирала и неколку негови роднини и соработници, меѓутоа ниту еден не земал колку него.

"Ги викавме 'дух пари.' Доаѓаа тајно и заминуваа тајно," изјавува Халил Роман, кој работел како заменик шеф на кабинетот на Карзаи од 2002-ра до 2005-та.

Дополнителен проблем во оваа пракса било што се покажало дека сите овие пари, и донеле многу малку влијание на ЦИА, а според некои американски функционери токму овие пари се користеле за корупција, засилување на позицијата на воените кланови и поткопување на обидите на Вашингтон за напуштање на Авганистан.

САД не биле единствени што носеле пари кај претседателот, во 2010-та американските функционери кренаа сериозна галама околу тоа што Иран редовно му плаќал на Карзаи со цел да го зголеми своето влијание во земјата.

29 април 2013 - 09:45