Кој што ѝ подарува на Америка

Обама го објави списокот на подароци што тој и луѓето од администрацијата (во 2011.) го добиле на подарок од странски функционери. Од нас добиле неколку дена викенд.

На трето место по дарежливост во 2011-та се Саркози и сопругата, кои на Обама му дале подароци во вредност од 42.144 долари.

Јануари 2011: Хермес торба за голф - 7.750 долари
Мај 2011: Хермес патна торба, Хермес крпа за на плажа,рачно изработен Forge de Laguiole отворач на пликоа и кутија чоколади - 1.994 долари
Мај 2011: Лакоста маичка, наливно перо HOPE, запалка Дупонт, наливно перо Дупонт, шест чаши од црно стакло, и сино-сива стаклена скулптира од Букефал - 15.083 долари
Август 2011: Две кристални статуети од Бакарат, црна Хермес патна торба - 1.650 долари.
Ноември 2011: сувенир Г20 монета од 200 евра, часовник од B.R.M, женски новчаник Lancel, кафеаво портокалова женска чанта од Lancel, машка и женска бањарка од Диор, чоколади од Duroc Danner, маслиново масло Chateau d'Estoublon, машки хигиенски производи Диор - 6.191 долар.
Декември 2011: Црна кожна машка бизнис торба од Витон, со гравирани инцијали "B.O." - 2.310 долари.

На второ е Бразил со 43.802 долара, а на прво место, од нигде никаде се најде Габон. Подарокот од Претседателот на Габон, Али Бонго Ондимба, е 35 сантиметри висока црна маска скулптура која чинела 52.695 долари.

Од нас, Обама не добил никаков подарок во 2011-та, но затоа командантот на американската морнарица, Адмирал Самуел Локлиар, добил подарок неколку дневен одмор во Македонија (во вредност од 530 долари) од генерал-полковник Мирослав Стојановски.

Комплетно истиот поклон (одмор во Македонија) ама во вредност од 1.021 долар, Адмиралот го добил и Генерал Мајорот Хамад Бин Али Ал-Атија, началник на штабот на катарската армија.

целиот пдф

29 април 2013 - 12:35