За време на сослушувањето на секретарот за одбрана Чак Хегел, пред Комисијата на Сенатот за вооружените сили, зборот "Иран" беше споменат 170 пати, додека "Северна Кореја" беше спомената 10 пати. Во претседателската дебата меѓу Обама и Ромни фокусирана на надворешната политика Иран беше споменат речиси 50 пати, додека Северна Кореја само еднаш.
Ваквата разлика се случува и покрај тоа што Северна Кореја веќе има нуклеарна бомба, а Иран нема.
"Разликата е во тоа како се претставуваат себе си. Северна Кореја е релативно мала нација со лидери кои на прв поглед изгледаат како стереотип на неспособен Бонд негативец: исто облечени, со клише опсесија за скапи работи без вкус, физички не застрашувачки, на кои секој голем план им експлодира во лице како на којотот. Семејството Ким нема ниту еден висок или физички надарен човек, ниту пак некој вонредно згоден. Тие исто така за азијати што е уште еден цел сет на расистички стереотипи, и ниту еден од нив има некоја асоцијација со тероризам. Од друга страна, Иран е муслиманска нација, и заради очигледните причини полесно е да се зграпчи јавното внимание преку стравот од муслимански фанатизам отколку преку северно азиски национализам."
Во прашање е и самата географија. И покрај тврдењата на режимот во С. Кореја, експертите се согласуваат дека тие немаат проектили кои можат да стигнат до американско копно. Во исто време Иран е во соседството на Израел, една од земјите за кои САД не може да дозволи да биде нападната.
Евентуалното развивање на нуклеарно оружје од Иран, ќе ја инспирира и Саудиска Арабија и останатите земји во соседството да побараат сопствено оружје. Додека Јапонија и Јужна Кореја ја имаат прифатено заштитата од САД од нападите од Северот и немаат нуклеарни амбиции.
"Ние сме навикнати Северна Кореја да биде ужасна, но не доволно ужасна за да предизвика воена реакција. Уморни сме од тоа. Тешко е да раскажуваш нова приказна кога ништо не се менува, а во Северна Кореја со години ништо не се менува. Тие вршат тортура врз своите луѓе, тие ни се закануваат, тие ги вадат сабјите и потоа ние ги исмеваме бидејќи тие со години ни се закануваат. И се уште ништо не се менува."