Изборната комисија во сојузната држава Карнатака, предупреди дека се повеќе расте бројот на судири меѓу слоновите и луѓето, и дека 68 гласачки места во државата се опасни зони за напади од слонови.
Заради ова тие побараа помош од Одделот за шумарство, кој ќе треба да ги придружува автобусите што ќе ги превезуваат изборните претставници низ регионот.
Не е дека слоновите сами по себе имаат нешто против демократијата, туку проблемот е што територијата што сега луѓето почнаа да ја освојуваат заради економската експанзија, во мозокот на слоновите претставува нивно легитимно пасиште и животен простор, на кој само тие се господари, "и ова нема да се промени дури и ако шумата е исечена или земјоделците почнат да ја обработуваат земјата," објаснуваат од индискиот Институт за диви животни.
Слоновите прават проблеми на изборите уште од 90-те, а во 2011-та, гладен слон упадна на избирачко место и комплетно го разруши во потрага по житарките кои таму биле складирани.