Дали Кинезите сами го предизвикаа земјотресот?

На 20-ти април, провинцијата Сечуан беше погодена од земјотрес со силина од 7 степени. Вкупно жртви – 188. Повредени - 11.500. Материјална штета - уште се пребројуваат. Причина за земјотресот – новата брана.

Претпоставките се дека овој земјотрес е само повратен удар од земјотресот во Венчуан во 2008-ма, во кој загинаа 80.000 лица. Теоријата е дека активноста на пукнатината во Земјините плочи која започна за време на земјотресот пред 5 години, дури сега успева комплетно да го ослободи целиот свој притисок.

На ова се надоврзуваат претходните научни истражувања според кои тежината на резервоарите со вода (вештачки езера, акумулации) можат да предизвикаат сеизмички помрднувања кои пак стартуваат потреси.

Во 2009-та, кинеските истражувачи потврдија дека 150 метри високата Зипингпу брана, на само 5,5 километри од епицентарот на земјотресот во Венчуан, предизвикала сеизмичка активност.

Инаку, според кинеските извештаи во близина на резервоарот на брана на реката Јангцекјанг, се регистрирани 3.400 земјотреси во периодот од 2003-та до 2009-та.

23 април 2013 - 19:19