Бизнисот на одржување ред и мир

Се проценува дека во Кина годишно има над 180.000 протести, бројка која повлекува околу 125 милијарди долари секоја година на опрема за немири и "одржување на стабилност."

Парите кои владата ги дава за домашната безбедност се поголеми до средствата што се вложуваат во армијата, а од 2010-та до денес овој буџет е зголемен за 32 милијарди долари.

На Саемот за полиција (China International Exhibition and Symposium on Police Equipment and Anti-Terrorism Technology and Equipment) учествуваат речиси сите производители на оружје од светот, со исклучок на ЕУ која има воведено забрана за извоз на оружје во Кина по демонстрациите на Тиенанмен.

Општиот заклучок на учесниците на саемот е дека кинеската влада е расположена на трошење пари за опремување на полицијата и дека тоа нема да се промени во скоро време.

"Нашата влада прави годишен буџет за јавна безбедност и сега имаме далеку поголем буџет од порано," објаснува претставникот на една фабрика за панцири и пластични штитови, според кој најголемиот дел од полицискиот буџет оди за смирување на немири.

20 мај 2013 - 11:10