Уапсените се дел од банда кој која оперира низ цела Украина, а е формирана низ затворите во земјата. Уапсените се обвинети за учество во вооружени кражби и изнудување пари.
Во апсењето биле запленети 3 пиштоли и муниција.
Полицијата ја снима комплетната акција, сосе воведот, во кој членовите на групата се чекаат пред тргнување. Само што се собира групата, на чекор пред влегување во автомобилите од две страни се појавуваат полициски џипови и автомобили од кои излегуваат неколку дузини специјалци и полиција. Освен првиот рафал во воздух од полицијата, во остатокот од акцијата нема пукотници.