Листата на најскапи градови на светот за странци е направена од ECA International, која рангирањето го прави со споредување на цените на производи и услуги. Погоден од првото место, Гунар Гарфорс, Норвежанец и човек кој бил во 198 држави во светот (тука и други работи за него) објаснува како навистина изгледа животот Осло.
Пиво во бар - 14,10 долари
Иако цената веројатно е точна на ниво на просек, она што ECA погрешно го пресметува е количината на пиво за која го вади просекот.
"Норвежаните претпочитаат да ги пијат нивните 'halvliter' или кригли од половина литар. Оваа мерка е се потешко да ја најдеш бидејќи сопствениците на барови со години ја зголемуваат цената на кригла пиво, додека ја намалуваат чашата во која ја служат. И заради тоа обично добиваме чаша од само 0,4 литри.
Она што ECA не пресметува е дека во Холандија пивото ти го служат во чаша од 0,18 литри, додека во Британија добиваш пинта пиво (0,56 литри). А во Минхен сум видел и кригли од 1 литар."
На ова треба да се додаде и главната забелешка за сите туристи, дека тие најчесто купуваат и плаќаат на најскапите делови од градот.
Газирани пијалаци 3,43 долари
Овие пијалаци обично се во пластични шишиња од пола литар или стакло и лименки од 0,33 литри. Цената на ECA е кога пијалакот би го купиле од мини маркет.
"Меѓутоа, ако седнеш во ресторан на улицата Карл Јоханс, може да ти наплатат и 9 долари за шише вода. Ова е срамна цена, посебно ако се има во предвид дека Норвешка е земја со најдобра и најчиста вода од чешма во светот."
Цената на газираниот пијалак би била далеку повисока доколку ја купите во хотел, меѓутоа и поевтина ако се купи во супермаркет.
Дузина јајца 8,39 долари
"Не знам каде ECA ги купувала јајцата, меѓутоа бев во локалниот супермаркет и најдов далеку поевтини цени. Најевтините беа 5,30 долари, а имаше и пакувања за 6,91 долар, 8,64 долари и најскапите од 12,43 долари. Последните беа обележани како 'еколошки.' Како и да е цената на јајцата е до 37% пониска од бројката на ECA."
Кино влезници 18,76 долари
"Ова е барем лесно за мерење, бидејќи сите кина во градот ги поседува иста компанија и за секој филм можеш да резервираш карта преку интернет. Точната цена е 17,31 долар што е речиси 8% помалку од бројот на ECA. Пензионерите имаат дополнителен попуст од 15%."
Сето ова Гарфорс го завршува со две утехи:
- дека му е поевтино да шета низ светот отколку да седи дома.
- дека Норвешка е преплавена со кавијар, кој таму е еден од најевтините во светот.
"Го ставаме на леб со краставица и кашкавал. Евтин е, па можеме да го дозволиме. Пробајте го со свежи морски ракчиња и заминете во рајот. Од најскапиот град во светот за странци."