ММЕ кој прв фати да вежба

Пред да започнат со решавање на што било на Г8 самитот, двајцата најмоќни луѓе на светот, Путин и Обама, мораа да решат еден личен проблем - кој ќе добие термин во фитнесот во ресортот. Делење справи не доаѓа во предвид.

 Двајцата претседатели сакале да вежбаат рано наутро, меѓутоа не ни помислувале тоа да го прават во друштво. За да не започне нова Студена војна околу бенчови и тегови, управата на хотелот решава терминот да му го даде на тој што прв побарал.

Излегло дека луѓето на Обама многу порано се сетиле да го резервираат терминот, заради што и на него му го отстапуваат.

Без да прави дополнителна драма, Путин го остава Обама да вежба, додека тој решава наутро да плива езерото кое е дел од Lough Erne голф ресортот во Северна Ирска.

"Двајцата ја сакаа вежбалната, ама луѓето на Обама први ја имаа побарано. Ова можеше да стане сериозен проблем и да заврши како смешна препрека во разговорите, меѓутоа Русите се откажаа. Водата во езерото ќе биде ладна, меѓутоа ова не би требало да му пречи на Путин, ако се спореди температурата со сибирските реки. Всушност тој може и ќе ужива во езерото, бидејќи ќе направи Обама да изгледа како слабак кој останал во затворено со својот тренер," изјавил неименуван извор за британскиот таблоид Сан.

17 јуни 2013 - 16:24