Зошто државата треба да троши

ММФ и ЕУ кон кризата пристапија со познатиот конзервативен метод: стегање на каишот. Во САД играат еден обратен принцип: државата треба да троши кога и е најтешко. Кратко објаснување од советникот на Обама.

"Пакет мерки за штедење" е еден од најчестите модели со кои државите и меѓународните финансиски институции се справуваат со економските кризи. Главно, за да се скинат големите буџетски дефицити, или се намалуваат трошоците или се зголемуваат даноците, или се изведуваат двете работи заедно. Штедењето се прави во името на иднината, "да не ги оптоваруваме идните поколенија со наши долгови."

Лари Самерс е поранешен секретар за финансии, актуелен советник на американскиот претседател кој го тврди спротивното: "нашето сегашно штедење ги оптоварува идните поколенија".

Примерот кој секогаш сакам да го искористам е идејата за поправка на аеродромот Кенеди. Тој ќе биде реновиран кога и да е. Дупките некогаш ќе мора да се пополнат. Прашањето е дали да го поправаме сега, кога можеме да се позајмиме многу поволно и невработеноста во градежништвото е голема, или да почекаме некоја година па да се зајмиме по многу полоши услови.

Самерс потсетува дека некои трошоци, особено околу инфраструктурата се неизбежни. И најдобро време за тоа да се направи најефтино е кога државата (САД) е најслаба. Бидејќи во време на рецесија, глобалните инвеститори се вртат кон најбезбедната зона, државните обрвзници, што споено со инфлацијата значи дека во криза САД позајмува пари речиси бесплатно.

Оттука, одлуката да не се прави нов долг за есенцијални инвестиции сега, значи дека се обврзува државата да го направи истото тоа за 5 или 10 години, кога каматите ќе бидат повисоки. Со други зборови, да се оптоварат идните поколенија да се зајмат за нешто што сегашните поколенија можеле да им го завршат.

Колку ова важи за македонските прилики, појма немаме.