Официјално, Русија не стигна да ги плати парите по основа на долгорочни обврзници кои најдоцна требаа да бидат исплатени на 27 јуни. Официјално, ама од другата страна, пари има, ама вашите не даваат да ви ги платиме.
Издавањето обврзница се базира на тоа дека на тие што и дале пари на државата кога и требало, кога ќе дојде време за наплата парите ќе им бидат вратени со камата. Ама ако си Германија можеш да издадеш обврзница со негативна камата, што значи дека инвеститорите ќе добијат помалку пари отколку што дале за да ја купат обврзницата.
ММФ и ЕУ кон кризата пристапија со познатиот конзервативен метод: стегање на каишот. Во САД играат еден обратен принцип: државата треба да троши кога и е најтешко. Кратко објаснување од советникот на Обама.