
Во првата половина на годината, Германија извади околу 1,5 милијарда евра од негативната камата на обврзниците, пишува Билд. Ова е од обврзниците со рок од 10 години, за кои инвеститорите уште на самото купување влегуваат во минус.
Иако неразумно, логиката зад ваквото однесување на купувачите е дека германските обврзници имаат врвен кредитен рејтинг, и тие се најсигурното место за инвестирање на нивниот капитал, дури и по цена за тоа да изгубат одреден капитал.
Првата германска 10-годишна обврзница со негативна камата беше пуштена во јули годинава.