Парите се потрошени од Бирото за Меѓународни информативни програми, во периодот меѓу 2011. и март 2013.
"Мнозинството во Бирото ги критикуваа рекламните кампањи како 'купување фанови' кои можеби некогаш кликнале лајк на реклама или на фотографија, ама немале никаков вистински интерес за темата или пак воопшто не биле вклучени во ова," стои во извештајот за работењето на Бирото.
Со 630.000 долари бројот на фанови на англиската страница на бирото пораснал од 100.000 на над 2 милиона, додека на Фејсбук страните кои не биле на англиски тие собрале 450.000 фанови.
Она што се забележува во инспекцијата е дека и покрај високите бројки, Бирото не успеало да ја привлече нивната целна публика, која пред се е повозрасна и повлијателна од луѓето кои ги лајкувале нејзините страни.