Шпионот што стана професор

Професор-хонорарец кој предава цела учебна година на Сити Универзитетот во Њујорк може да очекува плата од 25.000 долари годишно. Сепак ако неодамна си дал отказ како директор на ЦИА и решиш да предаваш на овој Универзитет, тогаш можеш да добиеш и до 8 пати поголема плата, за само дел од работата.

Во април Сити Универзитетот објави дека поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, ќе биде визитинг професор за јавни политики на Macaulay Honors колеџот. Според документите тој ќе заработува по 200.000 долари годишно за предавањата што ќе ги држи по еден предмет.

За овие пари, Петреус ќе има работа од 3 часа неделно, а за предавањата ќе му помагаат група студенти. Според математиките на Гавкер, ова излегува околу 2,250 долари за еден саат предавање од Петреус, додека останатите професори на негово ниво, заработуваат по 3.000 долари по курс.

Петреус неодамна си даде оставка откако ФБИ откри дека тој има вонбрачна афера со авторката на неговата биографија.

2 јули 2013 - 16:22