Зошто Британија изгоре на млако

Британија е под катастрофален топлотен бран кој резултираше со околу 760 смртни случаи во рок од 9 дена. Во овој период температурата достигна неиздржливи 32 степена.

Причините за вака трагични бројки, од вака смешни температури во основа се сведуваат на тоа дека Британците немаат поим дека треба да очекуваат вакви горештини.

Заради тамошната клима куќите се направени колку е можно повеќе да собираат и да ја чуваат топлината. Дополнително, според бројките на БиБиСи само 0,5% од домаќинствата во земјата имаат клима уреди (споредено со 87% во САД, каде што на клима уреди отпаѓаат 15% од вкупната потрошувачка на електрична енергија).

Просечната температура во Лондон, во најтоплите денови во јули достигнува околу 23 степени, заради што луѓето и не се трудат премногу околу заштита од сонцето и топлината. Иако 32 степени беше максимумот, за време на топлотниот бран просечната температура беше 27 степени.

Инаку за време на топлотниот бран 457.459 луѓе побарале помош во итните одделенија на британските болници, а 10 деца, меѓу кои и едно 4-месечно бебе биле примени во една болница заради изгореници од сонце.

20 јули 2013 - 14:53