Со светот управуваат 35-годишни банкарски менаџери

Во нападот на Меркел, некогашниот германски канцелар, Хелмут Шмит ја обвини канцеларката дека цело време работи само на задоволување на финансиските пазари со кои управуваат менаџери што мислат дека се ѕвезди.

"Смешно е денес со светот да управуваат 35-годишни финансиски менаџери што себе се сметаат за ѕвезди. Задачата на државата не е да се задоволат финансиските пазари, туку да им се одземе моќта и да и се врати на државата," порача Шмит.

Поранешниот канцелар и замерува на Меркел дека води многу себична политика и дека го гледа само германскиот интерес, а ги гуши проблематичните членки на ЕУ со тоа што им наметнува штедење.

"Меркел нема поим од финансии," порача Шмит на едно свое предавање во Хаденсблат.

Хелмут Шмит има 90 години, тој беше канцелар на Западна Германија од 1974-та до 1982-ра. Тој ќе ја предводи опозиционата СДП на изборите на 22-ри септември годинава.

16 јули 2013 - 15:57