Не е до тајните, до индустриските тајни е

Додека остатокот од ЕУ не може да се помири дека биле шпионирани од својот најголем сојузник, Германците се многу позаинтересирани за тоа кој дел од индустриските тајни им се украдени со прислушувањето.

Германската министерка за заштита на потрошувачите, предупреди дека борбата против тероризмот може да се претвори во "тројански коњ" кој ќе го прикрива шпионирањето на владите и компаниите.

Економските и индустриските групи во земјата побараа да им се каже какви податоци се снимани и како тие ќе бидат искористени. За сега тие имаат само сомнежи дека од нив се украдени индустриски тајни, кои обично дури неколку години подоцна би се појавиле во јавност.

"Човек треба да размисли дека американските безбедносни служби ангажираат голем број хонорарци, фриленсери и консултанти. Се проценува дека само во Вашингтон, околу 1,5 милиони хонорарци работат за безбедносните служби," објаснува претседателот на Работната група за економска безбедност, Вокер Вагнер.

Паралелно со ова, Франција повика на одлагање на преговорите за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, кој на светската економија би требало да и донесе околу 420 милијарди долари.

3 јули 2013 - 17:12