Куртоазија на американски начин

Од почит кон светиот месец Рамазан стражарите во Гвантанамо ќе престанат преку ден со сила да ги хранат затворениците муслимани кои штрајкуваат со глад. Наместо тоа (од почит) ќе почнат со сила да им бутаат храна после зајдисонце.

Моментално 106 од 166-те затвореници се на штрајк со глад, 44 од нив два пати дневно ги врзуваат за столица и со помош на црево им се дава јадење за да не умрат од глад.

Во неделата четворица Алжирци од Гвантанамо побараа од федералните судови да се престане со присилното хранење, а ако властите ова не можат да го решат до почетокот на Рамазан (8-ми јули) барем "да се престане со присилното хранење меѓу изгрејсонце и зајдисонце за време на светиот месец Рамазан."

Портпаролот на затворот изјавил дека уште старт таков бил планот и дека армијата следела слични правила и за време на претходните пости. Проблемот е што во претходните ситуации имало само неколку затвореници кои биле присилно хранети, додека сега војската ќе треба во периодот од заоѓањето до изгревањето на сонцето да нахрани 44 затвореници.

3 јули 2013 - 10:04