
Кинеските туристи само во јануари годинава потрошиле над 8,5 милијарди долари на луксузни стоки низ светот. Веројатно незадоволни само од чистото шетање брендови, се повеќе жени за пријавуваат на курсот организиран од Институтот Сарита од Пекинг, во кој тие ги учат правилата на етиката на високата класа.
Клиентките во најголем дел се жени на околу 40-годишна возраст, кои сериозно се збогатиле од економскиот раст на Кина. Курсот трае вкупно 90 часа, а за тоа време учесничките посетуваат уметнички галерии, учат како елегантно да се облекуваат, како се изговараат познатите странски брендови, практикуваат елитни спортови како голф и јавање, учат манири за на маса од тоа како се мести масата и кој прибор за што служи, до јадење полжави и слични потенцијално компликувани Западни јадења.
Освен делот што го учат по програма, главна придобивка на учесничките е новостекнатото чувство за самодоверба и поза.
Институтот е отворен во март годинава, а е основан од 27 годишна девојка од Хонг Конг, Сара Џејн Хо, која дипломирала на Харвард, зборува 5 јазика и завршила курс на швајцарскиот Институт Villa Pierrefeu, кој е најпознат во оваа област.