Приказната е дека 50-годишната Олга Догару, мајка на еден осомничен за мулти-милионска кражба во Кунстхал музејот, запалила седум ремек дела кои нејзиниот син ги украл. По оваа таа беше уапсена.
Меѓутоа вчера таа пред судијата изјавила дека ја лажела полицијата и дека всушност таа не ги запалила сликите: "Верувам дека она што го кажав претходно беше најдобро нешто што во моментот можев да го направам."
"До неа стоеше нејзиниот син, 29-годишниот Раду, кој веќе призна дека ги украл сликите во октомври од Кунстхал музејот во Ротердам. Г-ѓа Догару, им кажа на судиите дека нејзината претходна изјава дека ги уништила сликите во печка во нејзината куќа во малото село Каркалиу е неточна. 'Не ги изгорев,' изјави таа со тивок глас," пренесува Ројтерс.
Меѓутоа и покрај новото сведочење на Догару, романските експерти сега тврдат дека таа навистина ги уништила уметничките дела.
"Сега собравме обемни докази дека три (од седумте) слики беа уништени во пожар," изјавил Георге Никулеску, првиот човек на истрагата.
Се уште не е јасно што мисли Никулеску дека се случило со останатите 4 слики. Единствената надеж за уметничките дела е дека изјавата на Никулеску има одредени пропусти.
"Тој не можеше да каже кои од седумте слики се уништени и не објасни како е сигурен дека остатоците потекнуваат од делата украдени од Кунстхал музејот, а не се од некои други слики," пишува Ројтерс.
Украдените слики се: Pablo Picasso - 1971. Harlequin Head; Monet - 1901. Waterloo Bridge, London and Charing Cross Bridge, London; Henri Matisse - 1919. Reading Girl in White and Yellow; Paul Gauguin - 1898. Girl in Front of Open Window; Meyer de Haan - само портрет, некаде околу 1890.; и Lucian Freud - 2002. Woman With Eyes Closed.