
Жителите на едно село во провинцијата Хунан, одлучиле да направат договор да умрат за својата кауза, откако откриле дека корумпирани функционери се обиделе да ја продадат земјата на која тие живеат.
Речиси 100 селани го ратификувале документот оставајќи црвен отпечаток од нивните палци.
"Ако тие дојдат и се обидат да ни ја земат нашата земја, ние ќе ја браниме со нашите животи. Ни кажаа дека ако се обидеме да ја одбраниме земјата ќе употребат мафијашки техники и ќе не претепаат. Па ние го потпишавме документот, за да претставуваме пообединет фронт," изјавил претставник на селото и еден од потписниците.
Во Кина се почесто е нелегалното конфискување на земјиште, во кое локалните влади без консултација ги продаваат земјиштата на селаните на најразличните градежни компании. Селаните реагираат со тоа што одбиваат да се иселат од своето земјиште, заради што градежните компании почнаа да најмуваат најразлични битанги за присилно да ги иселат луѓето. Во еден ваков случај во март годинава, 44-годишен фармер од провинцијата Хубеи беше прегазен со камион за време на протестот против насилното иселување.