Локален фотограф открива цел куп фотографии од сега напуштеното техничко средно училиште во градот, на кои ги има фискултураната сала, библиотеката, ходниците и училниците од времето кога целиот објект функционирал. Училиштето некогаш имало околу 5.000 ученици.
Пред да го урнат објектот, фотографот ги прави "сега" фотографиите од сите простории што ги има на старите фотки, под исти агол и иста перспектива.