Абитуриентки Лондон

Тинејџери од најсиромашните делови на Лондон (како тоа смешно звучи) за време на матурските не штедат пари за да можат да возат Ферари или Ламборџини на вечерта на земањето на дипломите.

За прославата на National Record of Achievement, кога завршува задолжителното образование за Британците, се повеќе 16-годишни тинејџери решаваат да изнајмат барем на неколку дена некој супер автомобил.

"Во основа сè е за да се покажеш. Да го покажеш својот автомобил, за сите да гледаат во тебе. Како ти да си во центарот на вниманието," објаснува 16-годишниот Фајзур Рахман, кој за церемонијата заедно со другар му изнајмиле Ауди S4 за 610 долари за 4 дена.

Учениците, кои имаат 16-години, се премногу млади за да смеат да возат, па тие најчесто со возилото изнајмуваат и возач, или ги вози некој роднина.

Возилата најчесто служат да се дојде до церемонијата на делењето на сертификатите, а потоа за одењето на забавата учениците ги менуваат супер автомобилите за нешто покомотно во што може да собере повеќе луѓе.

22 јули 2013 - 12:23