Ало, ЕУ

Тешко луѓето да се убедат дека живеат во единствен пазарен амбиент ако од една до друга земја, цената што ја плаќаат за иста услуга се разликува преку 700 посто. Зборуваме за мобилната телефонија. 

Разликата во цената на домашниот мобилен собраќај во најефтината Литванија и најскапата Холандија изнесува точно 774 проценти. Ценовниот јаз е толкав што не може да се објасни ни со разлики во квалитетот на сервисот ниту пак со куповната моќ на населението.

Иако се дадоа милијарди евра за пазарно унифицирање на државите од ЕУ, во мобилниот пазар секој телеком го дере својот клиент колку што може. 

 

Европскиот просек изнесува 9 центи по минута, но просекот не значи многу бидејќи во Романија плаќаат два а во Бенелукс 14 центи за минута.

"Бројките покажуваат дека ниеден од телекомите во 28-те земји не го третираат европскиот пазар како заеднички," изјави потпретседателот на Европската Комисија, Нели Крес.

Неговиот шеф во септември треба да излезе со нови предлог-мерки за создавање единствен телекомуникациски пазар на Европа.

 

Во поглед на основните производи за живот, разликите не се толкави. На пример, млекото чини меѓу 0,69 и 0,99 евра, што е разлика од "скромни" 43 % a Ајпадите се разликуваат најмногу 11 проценти од една до друга земја во ЕУ.