
"Игрите" траеа 4 дена, а во нив тимовите вршеа упади во згради, во киднапирани авиони, спасуваа заложници и пукаа во мети со боева муниција, за што беа оценувани и добиваа поени.
Целото натпреварување се одржа во Центарот за тренинг за специјални операции Кралот Абудла Втори (Кралот Абдула е поранешен војник на специјалните единици). Како и регуларната Олимпијада, и оваа имаше свој официјален спонзор, компанијата International Defense Systems (I.D.S.), еден од најголемите воени снабдувачи, специјализирани за опрема за специјални единици. Американскиот тим се натпреваруваше токму под името на оваа компанија.
Една недела тренинг во кампот чини 250.000 долари, меѓутоа игрите беа бесплатни за сите тимови што можеа да се организираат да стигнат до таму.
На игрите секоја држава можеше да пријави и повеќе тимови. Учесниците беа:
- Кина - Снежните Леопарди, единица на полицијата составена пред Олимпијадата во Пекинг, кои на 8 претходни слични натпреварувања не завршиле подолу од второ место и Единицата за специјални задачи на кинеската полиција;
- Швајцарија - Шкорпиони од сојузната полиција во Цирих;
- Либан - Црни Пантери единицата за специјални задачи на полицијата;
- Русија - ја претставуваше тим од поранешни членови на КГБ и Спецназ кои сега работат во приватна компанија за обезбедување во Лондон;
- Канада - Полкот за специјални операции неодамна вратен од Авганистан ("изгледаа како момците од 300," "изгледаат како вукодлаци дрвосечачи");
- САД - три тима од армијата и еден од маринците;
- Франција – армиските падобранци;
- Палестина, Јордан, Бахреин, Грција, Кувајт, Казахстан, Малезија, Холандија, Ирак, Саудиска Арабија, Алжир.
Севкупен победник беа кинеските Снежни Леопарди, кои освоија 5 први места од вкупно 12 дисциплини. На второ место исто така беа Кинезите, а третото го освоија Канаѓаните. Палестинскиот тим заврши на четврто место, а Либанците на петто. Русите беа претпоследни, додека американските тимови беа зад Грците од 20-то до 23-то место.