BRAVE (14ти - 15ти век)
Целата приказна почнува кога Мерида ја открива магијата (the-will-of-the-wisps). Магијата што ја претвора мајка и' во мечка. Оваа магија е причината зошто животните и неподвижните предмети (метли и алат) можат да се однесуваат како луѓе. Магијата ја употребува вештерката која мистериозно исчезнува низ дрвени врати.
Со тек на време оваа магија ќе доведе создавањето на суперхероите.
THE INCREDIBLES (1950 - 1960)
Суперхероите го одржуваат редот во светот. Меѓутоа Бади, дете што неуспешно сака да биде суперхерој, создаде две работи кои ќе доведат до пропаст на луѓето со супермоќи: роботи со вештачка интелигенција (Omnidroid) и Zero Point Energy, електромагнетна енергија која постои во вакум. Ова е значаен момент бидејќи тука прв пат ги гледаме машините како ја искоренуваат нивната единствена закана - суперхероите.
Со тек на време играчките почнуваат да апсорбираат и да ја влечат својата моќ од Zero Point Energy, невидлива енергија која патува преку радиобранови.
TOY STORY (1997 - 1998)
Првите знаци на живот кај играчките сега се присутни благодарејќи на технолошкото мајсторство на Бади (The Incredibles). Играчките (веќе свесни објекти) создаваат листа на правила и учат дека човековата љубов е уште еден извор на енергија, од кој тие можат да живеат.
Овие играчки откриваат што им се случува на играчките кои се изолирани од луѓето.
TOY STORY 2 (1999)
Играчките откриваат дека е опасно за нив да бидат изолирани од луѓето. Почнуваме да гледаме како безживотните објекти ја доведуваат во прашање смислата на животот. На пример Џеси е огорчена од нејзината сопственичка Емили, за тоа што ја напуштила.
Огорченоста и лутината кон луѓето со себе ја имаат не само безживотните предмети, туку и самите животни.
FINDING NEMO (2003)
Откриваме дека рибите во океанот се неверојатно напредни, имаат училишта, мрежа и систем на патишта. Откриваме дека луѓето ја загадуваат Земјата и дека експериментираат на нив. Дори е една од рибите на кои е експериментирано, заради што таа постојано заборава. Се повеќе има знаци на огорченост кон луѓето заради загадување на околината, крадење риби и нивно затворање.
Животните почнуваат да стануваат пољубопитни и добиваат по човечки карактеристики.
RATATOUILLE (2007)
Во Рататуи, Реми ја открива својата љубов кон готвењето и прикажува човечки карактеристики. Некои од нив се: одење на задните нозе, миење раце, читање и готвење. Ова е прв пат да видиме лична комуникација меѓу луѓе и животни, но тоа се случува со цел да се контролираат луѓето. Реми го контролира Лингуини, бидејќи Лингуини не знае ништо да направи. Тука го гледаме и семејството на Реми кое е непријателски настроено кон луѓето и чувствуваат страв и омраза кон нив.
TOY STORY 3 (2010)
Три години подоцна, играчките минале низ многу работи со луѓето. Ако сте го гледале филмот ќе забележите дека најголемиот дел од играчките повеќе не можат да трпат да бидат физички и емоционално злоупотребени од луѓето.
Мечето Лотсо, најдиректно ги мрази луѓето бидејќи тие ги користат и отфрлаат играчките како да се ништо. Тој почнува да се обидува да се грижи за својот вид. Ова дава уште една причина зошто машините и предметите се подготвени да го преземат светот.
Карл и Ели му пишуваат на Енди, кажувајќи му да се отараси од неговите играчки, бидејќи тие се свесни за омразата меѓу играчките и луѓето која ќе следува, и затоа тие планираат живеат во самотија.
UP (2011 - 2016)
Карл е присилен да ја даде својата куќа на корпорацијата БНЛ (Buy N Large) бидејќи тие го прошируваат градот. Оваа корпорација е причината за загадување на Земјата и уништувањето на животот во блиска иднина како резултат на претерано користење технологија. Карл открива дека животните можат да комуницираат со луѓето и ја согледува горчината што тие ја имаат. Чарлс Мунц успева да тренира цела армија на кучиња. Ова е почетокот на судирот меѓу животните и луѓето.
Години подоцна започнува востанието на животните против луѓето.
CARS (2100 - 2200)
Кога животните се креваат против луѓето за да го спречат загадувањето на планетата, машините застануваат од страната на луѓето и им помагаат да ја добијат војната. Како и да е, бидејќи машините им помогнаа на луѓето, ова го менува балансот на силите на Земјата. Машините односно БНЛ мораа да ги испратат преостанатите луѓе во вселената на брод наречен Аксиом. Сите останати машини беа оставени на земјата за да го населат светот и да управуваат.
CARS 2 (2100 - 2200)
Во Cars 2, автомобилите возат низ Европа и Јапонија, што покажува дека тие се на иста планета која е во сите други цртани на Пиксар. Тука се гледа дека на планетата нема останато ниту еден човек. Во овој период во светот започнува енергетска криза бидејќи нафтата е единствената енергија која се користи за автомобилите.
Корпорацијата Allinol ја користи зелената енергија како катализатор за нафтената војна со цел да ги оддалечи автомобилите од алтернативните извори на енергија. Allinol е управувана од БНЛ, која со тек на време ја загадува целата планета со користењето на нафта. Земјата станува несоодветна за одржување на каков било вид на живот.
WALL-E (2800-2900)
Земјата стотици години станува непогодна за живеење заради БНЛ. Корпорацијата го превзема светот / владите некаде околу 1950-те. Wall-E е единствената машина останата на Земјата, откако планетата ги троши сите свои ресурси. Тој преживува бидејќи е фасциниран со човековата култура и заради неговото пријателство се една бубашваба, која му помага да го одржи неговиот карактер и исполнетост од работата.
Роботите и машините на Аксиом (кој ја напушти Земјата неколку векови претходно) покажуваат дека машините развиле чувство за цел од човечката зависност од нив. Wall-E е робот Исус, и тој и неговата љубов, соодветно крстена Ева, ја спасуваат човековата раса и започнуваат нов живот на Земјата.
За време на одјавата гледаме еден чевел во кој се наоѓа последното живо растение.
A BUG'S LIFE (2898 - 3000)
Истото ова растение што го видовме во Wall-E, стана дрво во A Bug's Life. Инсектите тука имаа подолг животен век. Пред Wall-E, мравките живеат само 3 месеци, но сега овие мравки можат да преживеат цело лето, а и подолго. Една мравка кажува дека "се чувствува како повторно да има 90 години." Ова индицира дека мравките се поотпорни како резултат на еволуцијата и мутираните гени. Друга мравка му кажува на Флик да не го напушта островот бидејќи таму има "змии, птици и поголеми бубачки." Тие не споменуваат луѓе, бидејќи има останато премногу малку луѓе за тие да влијаат на преживувањето на инсектите. Како и да е, се споменува дека едно дете наводно ги откорнало крилата на една бездомна бубачка. Подоцна во далечната иднина, животните почнуваат да еволуираат во доминантен вид.
MONSTERS UNIVERSITY (4500 - 5000)
Стотици години по Wall-E, животните почнуваат да се менуваат заради радијацијата предизвикана од БНЛ. Овие животните еволуираат во чудовишта и ненамерно ги уништуваат сите луѓе на Земјата. Monsters University е основан во 1313 година (по календарот на чудовиштата, а не по човековиот календар) и покажува дека дејствието се случува речиси 1400 години по A Bug's Life. На Универзитетот тие ги учат чудовиштата дека луѓето се отровни и дека се од друга димензија. Ова е затоа што чудовиштата се загрижени заради тоа што ги избришале луѓето од постоењето и ја промениле историјата.
MONSTERS, INC.
Чудовиштата и машините дури премногу доцна ја сфаќаат грешката што ја направиле кога ги уништиле сите луѓе. Тие со тек на време осознаваат дека луѓето се нивниот извор на енергија и дека им се потребни за одржување на животот. Машините помагаат ова да се реши така што наоѓаат начин како чудовиштата да ги користат дрвените врати за патување низ времето во периодот кога има луѓе.
Сето ова не' води кон Бу.
BOO (∞)
Малата Бу никогаш не го прежалува Сали и се опседнува да открие што се случило со него. Таа се сеќава дека вратите се клучни за откривањето на Сали. Подоцна во животот таа открива како да патува низ времето (со помош на дрвени врати), се враќа на изворот на целата магија, the-will-of-the-wisps и создава магија за да го открие Сали со помош на дрво. Бу остава докази зад себе во Bravе: двата дрвореза. Едниот е Сали, а другиот е камионот за пица, двете работи што таа најмногу ги сака во животот. Иако таа знае да патува низ времето таа не знае како да одреди во кој период ќе заврши. Заради тоа, шпекулацијата е дека Бу е одговорна за сите "easter eggs" што ги гледаме низ филмовите на Пиксар, бидејќи таа ненамерно патува низ различни временски периоди.
-------